Македонската млада кошаркарска репрезентација со триумф го стартуваше ЕП Б-дивизија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години успешно го стартуваше настапот на Европското првенство  Б-дивизија, што се одржува во Романија.

Младите кошаркари триумфираа против репрезентацијата на Албанија во воведниот дуел дури по продолжението , резултатот на крајот гласеше 62-54 во корист на нашиот млад национален тим. Иако имаа предност од десет поени на одморот , 31-21 , третиот период го загубија со 11-20, и се влезе во тотално неизвесна завршница. Македонија имаше напад за победа, но Маслинко не успеа да погоди. Во продолжението, сепак, избраниците на селекторот Петрески покажаа дека се поквалитетни и успеаа да извлечат триумф. Ги добија дополнителните пет минути со 12-4 и го комплетираа славјето. Најдобар поединец во нашиот национален тим беше Дамјан Робев со 25 постигнати поени, а Оливер Двојаковски имаше ефект од 12 поени и 13 скока. Кај албанците , Лекндреј беше најефикасен со 17 коша.