Македонскиот боксер Гоце Јаневски го освои „Златниот Гонг “

Гоце Јанески е освојувачот на наградата „Златен гонг“ на традиционалното натпреварување што се одржа денеска во салата „Борис Трајковски“. Јаневски  беше најдобар   во категоријата до 75 килограми, во која во финалето го совлада Аременд Незирај од Косово со максимални 3-0.

Наградата за најдобар македонски боксер ја доби Љуљзим Исмаили, за најдобар техничар е прогласен Жељко Марко од Хрватска, а за најборбен боксер Петар Стошиќ. Наградата за најдобар странски боксер ја доби Далтон Смит од Англија. Пол Розендал беше прогласен за најдобар судија. На  „Златениот Гонг “ учествуваа повеќе од 50 боксери од 12 земји.