Мемфис се врати од негатива од 24 поени и го совлада Голден Стејт по продолженија

kari-nba

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа 8 натпревари.Кошаркарите на Мемфис на дуелот против Голден Стејт се вратија од негатива од 24 поени и успеаја да слават по продолженија со 128:119. Најефикасен во таборот на Гризлис беше Мајк Конли со уфрлени 27 поени.

Во останатите мечеви: Вашингтон – Минесота 112:105, Орландо – Хјустон 93:100, Бостон – Филаделфија 110:106, Бруклин – Кливленд 108:116, Милвоки – Њујорк 111:116, ЛА Лејкерс – Мајами 127:100 и Сакраменто – ЛА Клиперс 98:106.