Металург славеше победа на гостувањето кај Чеховски Медведи

Ракометарите на Металург ја забележаа втората победа во елитната Лига на шампиони. Македонскиот вице-првак попладнево на гостувањето во Русија, кај Чеховски Медведи се радуваше на триумф со 32-26 полувреме 15-15.

До оваа победа тимот на Металург го предводеа Халил Јагањац со девет и Жарко Пешевски кој постигна шест гола, додека одличен на голот беше Мартин Томовски кој средбата ја заврши со десет одбрани.

Ова беше меч од 5.коло на Д групата во која денеска Бешикташ и Мотор Запорожје одиграа без победник 28-28, а утре ќе играат Спортинг – Монпеље.

Табела: Монпеље 8 бодови, Моптор Запорожје 6, Бешикташ 5, Металург 5, Спортинг 4 и Чеховски Медведи 0.

Попладнево својот меч од оваа рунда ќе го одигра и македонскиот и актуелен европски првак Вардар кој пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува шпанската Барселона.