Микел го напушти Челси и се официјално потпиша за кинески Тианјин Теда

obi-mikel

Џон Оби Микел е уште еден фудбалер од Челси кој се сели во кинеската Супер лига, откако и официјално е објавен потписот со Тианјин Теда.

„Како што знаете не добив баш најдобра шанса сезонава во Челси, а со своите 29 години се уште имам уште многу години фудбал пред мене. Па, почувствував дека сега е време за нов предизвик. Тианјин Теда инсистираа на ангажман, кинеската лига доживува се поголема раст па знам дека ова е исправен потег. Благодарам на Челси и господинот Абрамович за одличните години, секогаш ќе биде клуб кој најмногу ќе го сакам“ – изјави Микел.