Мурињо: Не можам да одберам кој е најдобриот фудбалер кој што сум го тренирал

murinjo

Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо не може да се определи кој бил најдобриот фудбалер кој некогаш го тренирал.

„Досега постојано одбивав да дадам одговор на тоа прашање и на тоа останувам. Толку многу играчи го оставија срцето и душата играјќи за мене, како некои да ги именувам, а другите да ги изоставам? Витор Баиа, Хулио Цезар, Петр Чех… Како да изберам само еден? Жорж Коста, Марко Матераци, Рикардо Карваљо, Џон Тери, Валтер Самуел… Како да изберам само еден? Мишел Есиен, Френк Лампард, Весли Снајдер, Немања Матиќ, Костиња, Маниче, Чаби Алонсо… Како да изберам само еден? Мислам дека никогаш нема да имам одговор на тоа прашање, бидејќи нема да ги заборавам моите браќа, ниту еден од нив“ – изјави Мурињо.