МЗТ Скопје Аеродром ја пречекува Цедевита

За кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром нема простор за одмор, па така веќе на вториот ден од новата година ги очекува следниот предизвик во АБА лигата.

Денес во рамките на 16. редовно коло во регионалното натпреварување Скопје гостува хрватскиот првак Цедевита.Шампионот на Македонија на денешниот меч ќе биде посилен за Ксавиер Темс, кој се врати од САД во Скопје по семејната трагедија која што го снајде.Натпреварот стартува од 17 часот и ќе се одигра во СЦ “Јане Сандански” во Скопје