МЗТ Скопје го пречекува Карпош Соколи уште на стартот од сезоната

Македонската кошаркарска федерација со ждрепка ги одреди паровите за новата сезона од Првата машка кошаркарска лига.

Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од првенството. Од минатата сезона остануваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, вицешампионот и освојувачот на државниот Куп за оваа година Карпош Соколи, Работнички, Куманово, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув.

Од Втората лига промоција добија екипите на Гостивар и на Радовиш, но на местото на Радовиш ќе се натпреварува Блокотехна. Со проширување на Првата лига од 10 на 12 екипи, место во кошаркарската елита на Република Македонија добија Пелистер и Шкупи.

Токму шампионот МЗТ Скопје Аеродром новата сезона ја отвора на домашен терен против Карпош Соколи, додека најтрофејниот клуб во историјата на македонската кошарка скопски Работнички гостува кај Куманово.Во преоестанатит средби се среќаваат
Пелистер – Шкупи , Фени Индустри – Гостивар ,Струмица – АВ Охрид и Кожув – Блокотехна

Кошаркарската елита е планирано да стартува овој викенд.