Начевски-Николов номинирани за најдобар судиски пар за 2016 година

sudii-nacevski-nikolov

За првпат оваа година специјализираната интернет страница за ракомет „Handballl-Planet“( http://www.handball-planet.com/world-handball-referee-2016/ ) ќе доделува награда за најдобар ракометен судиски пар на годината.

За оваа престижна награда ќе се борат шест судиски парови, а во нив место имаше и за македонскиот двоец Начевски-Николов, кој и оваа година беше дел од големите ракометни настани (Европското првенство во Полска како и Летните Олимписки игри во Рио) и остави одлични впечатоци.

Право на глас ќе имаат сите ракометни ракометни фанови ширум светот, а гласањето ќе трае до 15 декември.