Најдовски нов технички директор на ФК Вардар

Некогашниот фудбалер на македонскиот фудбалски шампион Вардар и легенда на „црвено-црните“ Илија Најдовски, се враќа во екипата.

Тој во иднина ќе ја извршува функцијата технички директор на екипата. Најдоски во последно време се поврзува со Вардар, а сега е позната и неговата улога. Негова последна функција му беше директор на репрезентацијата на Македонија.

Најдоски се враќа во „црвено-црните“ после 29 години. Тој во 1988 година беше дел од клубот пред да замине во Црвена Звезда со која подоцна ги достигна своите најблескави мигови од кариерата и стана европски првак.