Одбојкарите најавуваат финале и титула во Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација во своето четвртто учество на завршницата во Европската лига ќе се обиде за првпат да го подигне пехарот. По перфектните „шест од шест“ во групната фаза, „спартанците“ најавуваат уште две нови победи за остварување на посакуваната и единствена цел – европско злато.

Македонија за противник во полуфиналето на „фајнл-форот“, кој викендов ќе се одржи во Копенхаген, го добија домаќинот. Македонија за Данска поаѓа утре во 18 часот. Полуфиналните натпревари се закажани за први јули, додека финалето се игра следниот ден.