Официјално: Кире Лазаров потпиша двегодишен договор со францускиот Нант

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров во следните две сезони ќе го носи дресот на францускиот Нант. Десниот бек, кој беше најдобар стрелец на Светското првенство во Франција потпиша двегодишен договор со учесникот во Лигата на шампионите и на истек од договорот со Барселона се реши за нов предизвик.

Лазаров имаше понуда за едногодишен договор со Барселона, но условите кои ги понуди Нант беа подобри и затоа Лазаров се одлучи за нов предизвик.

Нант со Лазаров го започнува проектот во кој ќе се обиде да им се доближи на ПСЖ и Монпелје и да биде секоја година дел од Лигата на шампионите. Нашиот ракометар официјално ќе биде претставен по завршувањето на сезоната.