Официјално: Миркуловски во Вецлар до 2018

Филип Миркуловски ја продолжи соработката со Вецлар до јуни 2018 година. Германскиот бундеслигаш денеска го официјализира потпишувањето на новиот едногодишен договор со македонскиот реперезентативец.

Миркуловски во Вецлар дојде летото 2015 година од тимот на Хановер во кој настапуваше една полусезона. Во Германија се пресели од тимот на Металург, во кој настапуваше 12 години.