Оклахома декласирана од Мемфис, Кливленд со триумф над Бостон

nba-sab

Кливленд ја продолжи победничката серија во НБА-лигата откако на домашен терен го совлада Бостон со 124-118.Кајри Ирвинг беше најдобар стрелец со 32 поени и 12 асистенции, Кевин Лав реализираше 30 поени и 15 скокови, додека Леброн Џејмс го заврши овој натпревар со 23 поени, 11 асистенции и осум скокови.

Мемфис го декласираше составот на Оклахома сити со 114-80.За 23 минути игра Вестбрук постигна 21 поен, пет скока и ниту една асистенција, а по неговото излегување по заработаните две техмички грешки улогата на лидер ја презеде Енес Кантер, кој реализираше 19 поени во убедливиот пораз. Најефикасни во редовите на Мемфис беа Марк Гасол со 25 и Трој Даниелс со 22 поени.

Во останатите средби беа постигнати следните конечни резултати:Шарлот – Мајами 91-82, Феникс – Торонто, Јута – Филаделфија 100-83 и ЛА лејкерс – Далас 89-101.