ПМФЛ: Пелистер освои три бода во Кратово против Силекс

Екипата на Пелистер славеше во Кратово против Силекс со 4-1 и со oваа победа го превзеде првото место во ПМФЛ пред Шкеднија која има натпревар помалку, в недела се среќава со Академија Пандев со пренос на ТВ Нова од 16-30 ч.

Пелистер  победи во саботното дерби против Силекс, Победа триумфраше против Шкупи со минимални 2-1 додека натпревар без голови одиграа Скопје  и Ренова.

Резултати , 3 коло:

Скопје – Ренова (0-0)

Силекс – Пелистер (1-4)

Тимов 84′ – Пеев 37′, 58′, 70′, Илиоски 76′

Победа – Шкупи (2-1)

Карчески 61′, Гешоски 73′ – Стојкоски 64′

Утре

Шкендија – Академија Пандев

Работнички – Вардар (одложена)

Табела: Пелистер 7 бода, Шкендија(-1) 6Силекс 6, Академија Пандев(-1) 4, Вардар(-1) 3, Победа 3, Работнички(-1) 2, Ренова 2, Шкупи 1, Скопје 1 бод.