Победа на Македонија со 3-2 во сетови над Албанија

Одбојкарската репрезентација на Македонија со максимални шест победи го освои првото место во групата Б од Европската лига откако вечерва во Тирана ја совлада Албанија со 3-2 во сетови. Ова беше прв натпревар на кој противникот успеа да освои два сета против Македонија.

Резултат по сетови: 25:21, 17:25; 25:21; 23:25 и 15:10. На првиот натпревар од денешната прогарама Шведска ја победи селекцијата на Азербејџан со 3-0 и со тоа го освои второто место во групата и обезбеди пласман на завршниот турнир следниот викенд во Данска. Табела: Македонија 17 бодови, Шведска 9, Албанија 9, Азербејџан 1.