Почина Ники Хејден

Шампионот од 2006 во Мото ГП Ники Хејден денеска ја загуби најважната битка, откако претставниците на болницата во Чезена обелоденија дека американскиот мотициклист починал како последица од повредите здобиени при сообраќајната несреќа во близина на Римини.

Хејден возел со велосипед со група од десетина пријатели, кога на него налетал автомобил, по што Американецот со тешки повреди на градите и главата бил однесен во болница во Римини, од каде итно бил пренесен во клиниката во Чезена.

Хирурзите извршиле два хируршки зафати врз 36-годишниот Хејден, но и тоа се покажало недоволно за да се спаси животот на поранешниот мотоциклист на Хонда.