Прв олимписки пливачки маратон во Охрид

Во организација на клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008” денеска на Охридското езеро се одржува првиот олимписки пливачки маратон во должина од десет километри.

Маратонот се плива на најатрактивниот дел од езерото на патека покрај самиот кеј „Македонија“.

Трката започна во 12 часот, за тоа како се одвива, известува Ристе Нејкоски од Охрид.