Клучот за успех според Лазаров – вистинска насока во вистински момент и добар тренер

Што е пресудно за да се биде врвен спортист? Како Кире стана тоа што е денес? На овие теми зборуваше ракометарот Кире Лазаров во ОКО на ТВ НОВА.

„Нашиот татко беше квалитетен ракометар. Во Бивша Југославија има настапувано за Вардар. Свети Николе своевремено имаше клуб што беше многу добар, немаше тогаш сали, вежбавме на отворено. Почнав со кошарка, меѓутоа брзо се заљубив во ракометот и го засакав. Пресудно за успех е правилната насока во прав момент со добар тренер, особено во младинските категории. Ние сме талентирана земја за спорт и тие таленти се секаде околу нас, но нема кој да ги насочи. Мене татко ми ме насочи да отидам во еден од најдобрите клубови тогаш – во клубот Пелистер“, се сеќава Лазаров.

Тој се надоврза дека освен сево ова, исклучително се важни и карактерот и желбата да се даде максимумот.