Лазаров: Македонскиот ракомет има блескава иднина

Ракометарот Кире Лазаров е оптимист кога станува збор за македонскиот ракомет. Вели, досегашните факти се најдобар доказ за тоа.

„Македонскиот ракомет има добра иднина и тоа го кажувам со факти. Веќе подолго време многу центри во Македонија работат со помлади категории и тоа е важно за иднината на еден национален спорт. Добро е тоа што имаме квантитет и од тој квантитет произлегува квалитет. Единственото што би го препишал како недостаток е потребата од стручен кадар, што би помогнало младите играчи да бидат добро селекционирани. Сепак, мислам дека ние како Македонија имаме блескава иднина“, смета Лазаров.

Кире Лазаров во интервју за ОКО на ТВ НОВА говореше за своите подеми, падови, почетоците и врвовите од кариерата, љубовта кон семејството и пријателите.