Лазаров: Ми пречи тоа што во некои клубови има премногу странци

15943068_10208377107410789_1526426441_o

Во некои од клубовите има премногу странци и не треба да е така, смета ракометарот Кире Лазаров.

„Со самото тоа, не им се дава шанса на нашите Македонци да растат во тие клубови и понатаму да придонесуваат за успесите на националната селекција. Мораме да го негуваме спортот во нашата земја и согласно тоа мора да постојат приоритети“, посочи Лазаров.

Кире Лазаров во интервју за ОКО на ТВ НОВА говореше за своите подеми, падови, почетоците и врвовите од кариерата, љубовта кон семејството и пријателите.