Лазаров: Овие квалификации се од државен интерес, Македонија пред се’

Македонската ракометна репрезентација утре во девет часот наутро заминува за Гдањск, Полска, каде во петок ги почнува натпревари на олимпискиот квалификациски турнир. Нашите ракометари се подготвени за предизвикот и сакаат да ја зграбат втората шанса за изборат пласман на Олимпсиките игри, што секако би бил историски успех за македонскиот спорт, бидејќи досега никогаш не сме учествувале на најголемиот светски спортски собир со една репрезентација.

„За мене овие квалификации се од државен интерес. Македонија е пред сѐ’ и ние сме горди што имаме шанса да ја претставиме Македонија на едни Олимписки игри. Атмосферата во тимот е одлична, овој предизвик го разбираме многу сериозно. Квалитетни сме како никогаш досега, со голема страст и со голема желба едвај чекаме да почнат натпреварите. Се надевам дека во недела ќе се радуваме на најголемиот успех на оваа репрезентација“, изјави Кире Лазаров на деншната прес-конференција пред заминувањето за Гдањск, Полска.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов вети премија од 55.000 евра за ракометарите и стручниот штаб, додолку успеат да изборат пласман на ОИ во Рио ова лето.