Најдрагите успеси на Кире Лазаров

15943068_10208377107410789_1526426441_o

Освојувањето на лигата на шампионите со Барселона и 5-то место со македонската репрезентација на Европското првенство во Србија се успесите што ги издвои ракометарот како негови најдраги во спортската кариера.

„Во кариерата имам доста успеси и клубски најдраго ми е освојувањето на лигата на шампионите заедно со Барселона, имам три светски титули со Барселона и Атлетико Мадрид, но посебна е радоста кога ќе направиш нешто за својата родна земја. Ако се обидам да издвојам од успесите со македонската репрезентација, тоа е 5-то место на европското првенство во Србија, и најдобар стрелец на светските првенства 2009 во Хрватска и 2012 во Србија на европското првенство“, рече Лазаров.

Кире Лазаров во интервју за ОКО на ТВ НОВА говореше за своите подеми, падови, почетоците и врвовите од кариерата, љубовта кон семејството и пријателите.