Ракометарите отпатуваа за Гдањск по олимписка виза

Македонските ракометари тргнаа по историски успех,  денеска отпатуваа за Гдањс по резултат   кој досега не им успеал  на ниту една наша екипна репрезентација, пласман на Олимписките игри.

Нашиот национален тим вечерва има еден тренинг  во  „ЕРГО Арената“ каде ќе се играат натпреварите. Утре го играме првиот натпревар, во 20:30 против домаќинот Полска, следните два меча на програмата се сабота и недела од 18:00 часот, против Тунис и Чиле.

Македонските ракометари ќе бидат бодрени и од неколку стотини македонски навивачи, некои од нив патуваат со авион, а дел тргнаа со автобус за Полска.