Раониќ со пресврт го победи Надал и обезбеди полуфинале во Бризбејн

raonic-480x270

Милош Раониќ од Канада направи изненадување на турнирот во Бризбејн и го совлада Рафаел Надал во последниот четвртфинален дуел. Канаѓанецот славеше со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-4).

За Раониќ, момчето кое е родено во Подгорица, ова е само втора победа во осмиот меч со Надал. Раониќ во битката за финалето ќе се сретне со бугарскиот тенисер Григор Димитров кој во три сета го елиминираше Доминик Тим.

Во утрешното полуфинале тој ќе ги одмери силите со Григор Димитров.