СЕХА – Ф4: Вардар сака финале во Вараждин

Ракометарите на Вардар вечерва против Загреб  ќе играат на победа  и пласман во финалето на завршниот турнир во СЕХА лигата. Загреб е добро познат противник , предводен од Веселин Вујовиќ кој беше поранешен тренер на црвено-црните. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез очекува тежок натпревар но верува во пласман во финалето:

Презадоволен сум од нашата игра во регуларниот дел од СЕХА. Пласманот на второто место е успех за нас. ППД Загреб е одлична екипа, со млади и талентирани ракометари, кои својот квалитет го докажуваат во Европа. Очекувам интересен меч“, изјави Гонзалес на  прес-конференција во Вараждин.

 

Мечот со ППД Загреб се игра вечерва со почеток од 20.30 часот додека првото полуфинале помеѓу Мешков и Веспрем е од 18 часот.