СЕХА ЛИГА: Металург загуби од Загреб 26-32

Металург  на домашен терен  загуби од ППД Загреб со 26-32 во натпреварот од 5.коло во регионалната СЕХА лига.

Кај Металург во нападот добро функционираше бековската линија и дури 10 од вкупните 12 гола во првиот дел ги постигнаа бековите. Стартот на вториот дел му припадна на Загреб, се играше гол за гол се до 21-21, кога Валчиќ, Вуглач, Хорват и Мандалиниќ донесоа серија од 0-4, за водство од 21-25 на гостинот ја најавија победата која на крајот изнесуваше  26-32.

Халил Јагањац беше најефикасен со седум гола во редовите на Металург, а Арсиќ имаше шест одбрани. Кај ППД Загреб, Мандалиниќ постигна осум гола, Вуглач заврши со седум, а Скок имаше 10 одбрани.