СЕХА: Металург го пречекува Загреб

Ракометарите на Металург вечерва од 20-45 го пречекуваат Загреб , натпревар од СЕХА лигата во која се играат средбите од 5 коло.

Металург по првите четери одиграни средби има  ефект од  две победи и два порази. Загреб досега запиша две победи и по една нерешена  и пораз. На клупата на Металург на оваа средба ке биде помошникот Александар Јовиќ кој очекува неизвесен натпревар :

Александар Јовиќ: “Овој натпревар ќе биде потежок  отколку  со Спортинг Лисабон. Загреб е квалитетна и искусна екипа, а има и многу добар тренер. Знаеме дека Загреб ќе атакува на барем една победа на овие две гостувања во Скопје. Загубија од Вардар и сигурно е дека ќе сакаат победа против Металург. Мораме да ја повториме играта од натпреварот со Спортинг, да се бориме максимално како и на претходниот натпревар, да внимаваме во нападот, бидејќи не смееме да грешиме и да промашуваме толку зицери. Ќе играме со истиот состав како и против Спортинг. Оваа сезона наша примарна цел во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите е да создаваме играчи за иднината на Металург и на македонската репрезентација. Знаете дека 90 отсто од овој тим играше во младинската репрезентација на СП во Алжир. Младите мораат да знаат како да играат на вакви тешки натпревари и да го јачаат својот карактер“.