СЕХА: Вардар подобар од Целје 33-31

Вардар со победа ја заврши 2016 година откако го совлада Целје во Скопје  со минимални 33-31 во рамки на СЕХА лигата, со оваа победа „црвено-црните“ ја потврдија првата позиција  во регионалното натпреварување.

Натпреварот меѓу Вардар и Целје беше израмнет  во текот на сите 60 минути, нашиот тим  повеќе пати се одлепи на четери разлика , 14-10, 15-11, 19-15, 22-18, 24-20… Екипата од Словенија се доближуваше на еден гол негатива  успеа да изрмани во финишот,  30-30 во 58 минута,  но потоа Вардар со головите на Циндриќ и Стоилов дојде до предност од два гола за на крај да победи со 33-31.

Најефикасен ракометар на средбата беше Игор Карачиќ со шест голови. Додека на голот солиден настап имаше и Арпад Штербик кој забележа 12 одбрани.