Шест милиони денари финансиска помош од Агенцијата за Млади и Спорт за РФМ

ams-rfm

Ракометната федерација на Македонија доби финанска помош од Агенцијата за млади и спорт во висина од 6.600.000 денари.

Овие средства ги предвидува новиот законот за спорт, според кој се оданочува секоја исплата од спортските обложувалници и игрите на среќа.

АМС обезбеди околу 100.000 евра за сениорската репрезентација која ќе настапи на Мундијалот во Франција, додека останатите парични средства се за организација на квалификацискиот турнир за Светското првенство во млади категории, кој во моментов се одржува во нашиот главен град.