Шифрин со нова победа во светскиот куп, триумфираше во салом во Марибор

Alpine Skiing - FIS Alpine Skiing World Cup - Women's Special Slalom - Maribor, Slovenia - 08/01/17 -   Winner Mikaela Shiffrin of the U.S. is flanked by second placed Wendy Holdener of Switzerland (L) and third placed Frida Hansdotter of Sweden.     REUTERS/Srdjan Zivulovic

Американската скијачка Микаела Шифрин успеа да победи на слаломот од Светскиот куп во Марибор и покрај тоа што помина преку скијачка врата која се тркалаше по патеката.

Шифрин водеше со 19 стотинки од секундата кога се скрши вратата, по што успеа да остане на патеката и да ја врати предноста и да победи со идентични 19 стотники пред Швајцарката Венди Холденер. Фрида Хансдотер беше трета со 0.31 секунди послабо време.Ова беше 27.победа во кариерата за Шифрин.

Шифрин има убедлива предност и во генерален пласман со 948 поени пред Лара Гут со 643 и Французинката Теса Ворлеј со 563. Во слалом, Шифрин има 500 поени, 110 повеќе од Вероника Велез Зузулова.