Шпанија 11 репрезентација што обезбеди пласман на СП во Русија

Репрезентацијата на Шпанија е 11-та која се пласира на Светското првенство во Русија во 2018 година, откако Шпанците синоќа ја победија Албанија со 3:0 и со тоа го потврдија првото место во групата Г, каде Македонија одигра нерешено на гостувањето во Торино против Италија.

Другите натпревари одиграни синоќа донесоа две изненадувања: Србија загуби на гостувањето против Австрија, а Хрватска дома одигра нерешено со Финска.

Резултати на синоќа одиграните дуели од 9. коло:

Група Д: Грузија – Велс 0:1, Австрија – Србија 3:2, Република Ирска – Молдавија 2:0.

Табела: Србија 18 бодови, Велс 17, Р. Ирска 16, Австрија 12, Грузија 5, Молдавија 2.

Група Г: Италија – Македонија 1:1, Лихтенштајн – Израел 0:1, Шпанија – Албанија 3:0.

Табела: Шпанија 25, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, Македонија 8, Лихтенштајн 0.

Група И: Хрватска – Финска 1:1, Косово – Украина 0:2, Турција – Исланд 0:3.

Табела: Исланд 19, Хрватска 17, Украина 17, Турција 14, Финска 8, Косово 1.

Вечерва се играат уште девет натпревари од 9. коло од квалификациите за СП од европската зона.