Сигурни победи на Кливленд и Голден Стејт

klivlend

Во НБА лигата шампионот Кливленд не дозволи изненадување на свој терен во дуелот со Њу Орлеанс и победи со 90:82. Ова беше 26 победа во 33 средба за Кливленд, кој има најдобар биланс на домашен терен со 18 победи од 20 натпревари.

Најдобриот играч на шампионот Леброн Џејмс беше прв стрелец со 26 поени, а имаше и седум скока, шест асистенции и две украдени топки.

Голден Стејт шутерски беше најрасположен утрово постигна 127 поени во победата над Денвер. Сите петмина стартери на „воините“ имаа двоцифрен број на поени, а триото Томпсон (25), Кари (22) и Дјурант (21) заедно дадоа вкупно 68 поени.

Вестбрук беше далеку од нов трипл-дабл и затоа неговата Оклахома загуби на гости кај Милвоки со 98:94. Вестбрук имаше 30 поени, но само седум скока и шест асистенции. Затоа пак Џејмс Харден стигна до нов трипл-дабл во победата на Хјустон против Вашингтон од 101:91. Харден даде 23 поени, а имаше и по 10 скока и асистенции.

Своја вечер имаше Џими Батлер од Чикаго кој даде 52 поени во победата од 118:111 против Шарлот.

Резултати: Кливленд – Њу Орлеанс 90:82, Милвоки – Оклахома 98:94, Бруклин – Јута 89:101, Њујорк – Орландо 103:115, Чикаго – Шарлот 118:111, Хјустон – Вашингтон 101:91, Голден Стејт – Денвер 127:119, ЛА Клиперс – Феникс 109:98.