Срџан Захариевски нов тренер на Пелистер

Срџан Захариевски е нов тренер на Пелистер, доаѓа  на местото на Наџи Шенсои кој се повлече од тренерската позиција  откако Пелистер не го мина  првото квалфикациско коло во Европа лигата.

Срџан Захариевски со Пелистер  во нов предизвик како тренер, по Металург  ова е ново искуство за Захариевски кој изјави дека  фудбалската традиција која ја има Пелистер  е еден од мотивите да седне на клупата на Битолчани. Пелистер е актуелен освојувач на Купот на Македонија, имаше епизодна улога во првото  квалфикациско коло во ЕЛ каде испадна  од Полски Лех. Захариевски се надева дека   Пелистер ке биде стабилен  на резултатски план  во новата сезона во прволигашката конкуренција. Со оглед на фактот дека трансфер периодот е сеуште отворен, Захариевски најавува засилувања во тимот  со кои сака екипата да има квалитет  за успешни резултати во новата сезона  во која Захариевски се надева дека со екипата ке обезбеди пласман во Европа. Захаривски вели дека добро го познава тимот  и ветува  многу  успешна работа .  Првата лига стартува на  13 август, ждрепката за двојките  ке биде одржана  следната недела.