Теса Ворли е победничка на велеслаломот во Марибор

Alpine Skiing - FIS Alpine Skiing World Cup - Women's Giant Slalom - Maribor, Slovenia - 07/01/17 -  Sofia Goggia of Italy, Tessa Worley of France and Lara Gut of Switzerland celebrate on podium.  REUTERS/Srdjan Zivulovic - RTX2XUWP

Теса Ворли е победничка на 6 – от велеслалом сезонава во Светскиот куп во Алпско скијање кој што се возеше во словенечки Марибор.

Французинката стигна до победата со вкупно време од 2:16.96 стотинки, што беше за 16 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка Софија Гоџија. Подиумот го надополни Лара Гут од Швајцарија со заостанување од 25 стотинки зад времето на победничката.

Во генералниот пласман Микаела Шифрин е прва, пред Лара Гут и Теса Ворли.