Тодоров: Благодарност до навивачи кои не понесоа кон победата

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Тодоров се заблагодари на навивачите за поддршката на неговите избраници во текот на дуелот со Партизан.

– Прво и најважно од се една огромна благодарност за сите оние кои дојдоа во салата за првпат по подолго време да ни дадат поддршка, бидејќи без нивното присуство ќе беше непријатно пред онаа група навивачи на Партизан. Ми беше пријатно што повторно се сетив како беше во МЗТ во „лименката“ при последниот мој престој тука. Тоа е за атмосферата, рече Тодоров на прес-конференцијата по натпреварот.

Што се однесува до натпреварот, одигравме слаба одбрана со примени 48 поени во првото и 41 во второто полувреме. Сепак на крајот успеавме да победиме едно големо име во кошарката. Тоа ќе ни даде сила и многу мотиви. Ова е само една победа од она што го имаме зацртано, а ќе ни требаат уште десет. Ме радува фактот што македонските играчи на крајот ја преземаа одговорноста. Треба да останеме  присебни, да не не фаќа еуфорија, ни следуваа нови предизвици, потенцира предводникот на „штрковите“.

МЗТ Скопје синоќа го победи Партизан со 92:89 во првиот настап од новата сезона во регионалната АБА лига.