Трајковски со нова повреда, следува нова пауза

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски поради повреда на стапалото нема да биде дел од тимот на Палермо за дуелот против Емполи.

Според првичните информации, повредата не е од сериозен карактер, но за да се избегне ризик истата да се влоши, Трајковски ќе мора да одмора.

Мечот против Емполи ќе биде од голема важност за Палермо, затоа што токму наредниот противник на сицилијанците е директен конкурент во битката за опстанок.