Вардар го пречекува Загреб и сака продолжување на победничката серија

Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб е добра шанса за „црвено-црните” да ја продолжат победничката серија во лигата на шампионите започната уште минатата сезона. Европскиот првак има серија од седум победи по ред, од што два се во новата сезона каде го брани освоениот пехар.

„ППД Загреб имаат многу добри играчи со искуство како Хорват и Марковиќ, но имаат и млади играчи кои се квалитетни. Очекувам многу тежок натпревар. Тие играат 6-0 зона, ама можат да сменат во 5-1. Нивната одбрана е супер и добро организира на 5-1 зона со Марковиќ напред и затоа мораме добро да се подготвиме. Сега сме прво место во групата, имаме добра шанса да останеме први и не треба да се опуштаме. Ние сме фаворит, но треба да го почитуваме противникот. Сакам да играме добар натпревар, и да победиме. Можеме да ја подобриме играта од дуелите против Нант и Висла. Ги покануваме сите навивачи да дојдат, зашто кога салата е полна и ние играме многу подобро“, вели Раул Гонзалез – тренер на Вардар.

Натпреварот, Вардар – Загреб се игра од 17 часот.