Вардарки најавуваат победа против ФТЦ на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите

Историјата се повторува, и во првото коло од групната фаза на женската лига на шампионките ракометарките на Вардар во петок (19 часот) тргнуваат во нова мисија на освојување на Европа против тимот на ФТЦ Реил Карго од Будимпешта.

Во новата сезона Вардар е во група со екипите на ФТЦ Реил Карго од Будимпешта, Ларвик од Норвешка и Турингер од Германија. Сите се ривали со кои и во минатото Вардар  „воделе војна на терен”, а сега ќе бара поминување во следната фаза.
Со екипата на ФТЦ Реил Карго лани нашиот шампион има  позитивен меѓусебен биланс, реми во Скопје, 27-27, и победа на гостински терен, 37-24.

Ирина Дибирова – тренер на Вардар
„Добро е што ја почнуваме Лигата на шампионите на домашен терен. Играме повторно против ФТЦ, а тие се добра екипа, еден од фаворитите за завршницата и Ф4 турнирот во Будимпешта. Имаат квалитетни играчи, минатата сезона загубивме бод на почетокот, затоа мора да дадеме се од себе за да ги израдуваме нашите навивачи.

Јованка Радичевиќ – капитен на Вардар
„ Позади нас е долг период на тренинг и напорен труд. Тешко е да тренирате секој ден, а да знаете дека ќе го одиграте првиот официјален натпревар дури по два месеци. ФТЦ ни зема бод минатата сезона н адомашен терен, сега повторно играме на почетокот против нив. Ќе биде психички тешко да се надигруваме поради значењето на првиот натпревар. Но, наша цел е да направиме чекор понапред од он ашто го постигнавме минатата година. Мора да одиме чекор по чекор, само со добар пристап и цврста одбрана може да се надеваме дека нема повторно да имаме проблем против силниот ФТЦ. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во петок во „Јане Сандански”, не е мала работа да играме на високо ниво петта сезона во Лигата на шампионите, се надевам дека тоа ќе го ценат.

Гордана Нацева – претседател на Вардар
Вардар е на прагот на петта сеона во Лигата на шампионите, единствени сме кои петти пат ќе се обидеме да играме на завршниот Ф4 турнир. Се надеваме дека повторно ќе ја нападнеме титулата. Костурот остана ист и покрај неколку нови играчи кои ни се приклучија, а тоа е добра основа за надоградување и дава надеж дека може повеќе. Имаме вистински засилувања на позициите кои ги напуштија ракометарките минатата сезона. Планот на клубот и сопственикот е вклучување на ракометарки од нашиот погон како Теодора Керамичиева и Јована Мицевска, како и македонски ракометарки- репрезентативки Јована Саздовска и Мирјета Бајрамовкса. Истотака во стручниот дел ни се приклучи Парондо, кој се надевам дека ќе придонесе во анализата и подготовката на натпреварите.

Натпреварот е закажан за в петок во 19 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Фото и текст : www.zrkvardar.mk