Вардарки убедливи против ФТЦ

Македонскиот женски ракометен првак Вардар со победа ја отвори новата сезона од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ на домашен терен го совладаа унгарски ФТЦ (34-31) и најавија дека и оваа сезона ќе бидат меѓу фаворитите за европската ракометна круна.

Најдобра кај Вардар беше Драгана Цвијиќ, која одигра перфектен натпревар и од седум шута даде седум гола, а исто така на „седумка“ застана и Лекиќ. По шест голови постигнаа Пенезиќ и Лакрабер.

Кај ФТЦ најмногу се истакна Фалувеги со седум гола.Вардар во наредното коло од Лигата на шампионите гостува кај германски Турингер (15 октомври), додека ФТЦ ќе бара прва победа на домашен терен против Ларвик