Видал ја заврши репрезентативната кариера

Артуро Видал објави дека става крај на својата кариера во националниот тим, откако Чиле не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство во Русија.

30-годишниот играч на Баерн Минхен својата одлука која е доста емоционална ја објави на Твитер.

– Многу благодарам на сите за се. Во овие години го давав живот во секој натпревар. Научив многу, научив дека една земја која не е толку силна, со труд може да постигне успех. Душата ми е уништена, но во исто време сум горд на овие играчи и стручниот штаб, напиша Видал.

Тој за Чиле одиграл 95 натпревари и постигна 23 гола