Тевдовски се правда: Eврообврзницата од 500 милиони евра е со најниска камата

Средствата од еврообврзницата издадена вчера ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, за поголеми плати во образованието и здравството, за интензивирање на капиталните инвестиции, за поддршка на домашните и странските претпријатија, за зголемување средства во одбраната заради приближување до НАТО стандардите, а ќе се враќаат и старите долгови, рече денеска на прес-конференција
министерот за финансии Драган Тевдовски.

Еврообврзницата е 500 милиони евра, со рок на достасување од седум години, а каматната стапка, како што нагласи Тевдовски, е историски најниска досега и изнесува 2,75 отсто.

– Со оглед на тоа што со еврообврзницата враќаме речиси 200 милиони евра претходно наталожени долгови, нето-задолжувањето со оваа еврообврзница изнесува околу 300 милиони евра. Парите нема да се користат за споменици и жални врби, туку за продуктивни трошоци иза покривање стари долгови, нагласи Тевдовски, дополнувајќи дека на 29 јануари ќе се отплати првата рата на PBG-кредитот земен во 2013 година во износ од 95 милиони евра-објаснува министерот.