Анѓушев и Министерството за финансии задолжени за надминување на состојбата во Еурокомпозит

Владата на Република Македонија на денешната 32. седница усвои информација со предлози за надминување на состојбата во Друштвотo за производство на производи со посебна намена „11 октомври-Еурокомпозит“ АД Прилеп.

За таа цел, како што соопшти владината прес-служба, вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев, како и Министерството за финансии во соработка со Генералниот секретаријат, се задолжени да подготват соодветен акт за надминување на состојбата во оваа компанија.