Авторот на извештајот на Херитиџ импресиониран од економскиот напредок на Македонија

Македонската економија испорачува солидни резултати , иако земјата подолг период се соочува со политичка , а е зафатена и од бегалската криза, сметаат експертите.

Директорот на фондацијата Херитиџ, Тери Милер вели дека е импресиониран од завршената работа на македонската влада , подобрувањето на економската слобода во Македонија допринесе за скок од 16 позиции во најновиот извештај.

Милер воедно е и автор на најновиот извештај на Херитиџ кој смета дека  потребно е продолжување на структурните реформи, справување со корупцијата и бирократијата и формирање на влада за да земјата повторно се насочи кон економијата.

Милер го потенцираше привлекувањето на странските инвеститори во земјава , Тоа што во Македонија решиле да инвестираат компании од автомобилската и други високотехнолошки индустрии самото по себе говори дека има драстична промена на стуктурата на извозот во однос на претходниот период, изјави американскиот експерт  за трговија и економија.

За домашната експертска јавност ваквиот исчекор на македонската економија се должи пред се на споведените реформи , на даночната политика но и ослеснетите услови за отпочнување и водење бизнис.

Инаку, во најновиот извештај на водечката американска фондација Херитиџ македонската економија е рангирана на 31 место во светот, а во Европа 18 според економските слободи. Економски најслободни држави според индексот се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија. На самото дно се комунистички држави како Северна Кореја, Венецуела и Куба. Македонија е најдобро рангирана од земјите во регионот.

Иле Петрески