Бошков: Бизнис заедницата очекува враќање на долговите кон стопанството

Политиката премногу се занимаваше со себе и на некој начин економијата и граѓанскиот сектор беше во втор план и добро е што имаме политичка разрешница, рече во Отвореното студио на ТВ Нова претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.

-Од друга страна сега бизнис заедницата очекува бизнис разрешница и ние сметаме дека владата навистина оној долг кој го има и преку локалната самоуправа и преку јавните компании и самата влада, и за услуги и за социјални трансфери, дека навистина ќе собере сили да ги исплати кон бизнис секторот, вели Бошков.

Тој напомена дека сме бизнис секторот е свесен дека владата има доволно аргументи за да провери што се случувало претходно, за да може отчетно да излезе кон исполнување на обврските кон доверителите.