Бошков: Минималната плата најдобро е да се зголемува по сектори

Конфедерацијата на работодавачи ги здружува повеќето сектори, повеќето асоцијации од разни дејности во Македонија. Мораме да кажеме дека некои сектори, финансискиот, информатичките технологии итн., навистина бележат раст, изјави Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавачи во Отвореното студио на ТВ Нова.

-Уште кога се донесе законот за минималната плата, ние моравме да се надминеме тогаш и да прифатиме дека секторски мораме да разговараме за минималната плата. Немаше да дојдеме до вакви состојби, бидејќи тогаш текстилот можеше да се задржи на 8, 9, 10, 11, 12.000, не е важно, меѓутоа другите сектори можеа навистина да си дозволат и да го зголемат нивото генерално на минималната плата во одредени сектори.

Бошков гостува во Отвореното студио на ТВ Нова со Билјана Василева Трендафилова со наслов „Економски ветувања за подобар живот?“ посветено на економските ветувања на новата влада.