Бошњаковски: Претходната влада плаќала за странските инвеститори по 11000 евра за работно место

225 милиони евра биле потрошени за влез на 25 странски компании кои вработиле над 20.000 луѓе. На повеќето од овие работни места вработени биле работници преземени од македонското стопанство објави денеска новата влада.

„Владата на СДСМ со објавувањето на договорите за субвенционирање на странските инвестиции отвора војна против 100 странски компании, а со тоа неизвесни се над 20 илјади вработувања“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатиот период, повеќе компании почнаа да се жалат на некоректниот однос на Владата и загрозување на нивното работење. Веќе три големи странски компании ја напуштаат државата. Со тоа над 2000 работници ќе останат без својата работа. Но, во прашање сега се и инвестициите кои биле во фаза на разговори и убедувања. Објавувањето ќе предизвика Србија, Бугарија, Грција, кои исто така се конкуренти за привлекување на инвестиции да понудат подобри услови и да ги привлечат инвестициите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски деновиве објави дека во наследство на новата влада и оставил шеесетина компании со кои биле во посериозни разговари и кои имаат капацитет за вкупно 25 илјади вработувања.

Елена Равановска