Цената на нафтата на најниско ниво од почетокот на годината

Индексите на Волстрит бележат различни резултати, на другите водечки берзи завршија во минус, додека цената на нафтата падна на најниско ниво од почетокот на годината.

Најдобри резултати на Волстрит остваруваат технолошките и здравствените компании, додека на вредноста најмногу губат акциите на енергетските компании поради рекордно ниските цени на нафтата.