ГРЦИТЕ ГИ ПЛАШИ ДОЛГОТ: Атина се надева дека Вашингтон нема да ја смени политиката

Грчката Влада ги демантира шпекулациите дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ќе ја смени надворешната политика на Вашингтон за Грција и претходно дадената поддршка за олеснување на долгот.

– Значењето кое САД и го дава на Грција не е променето, ја цитират грчките медиуми изјавата на владин извор.

Истиот извор  истакнал дека исходот од гласањето не влијае на важноста на планираната посета на американскиот претседател Барак Обама на Атина следната недела.

Извори од грчката Влада претходно изјавија дека официјална Атина била „подготвена за двете можности на претседателските избори, со оглед на неуспехот на компаниите кои вршат испитување на јавното мислење во последните години“.