Хоџа: Крајно време е да заврши политичката криза

„Политичарите се повеќе посветени на себе си отколку на целовклупната ситуација во Македонија. Фокусот не е на тоа да најдат соодветно решение“, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанска комора на северозападната комора на Македонија, во отвореното студио на ТВ Нова.

„Како апел до политичарите сакам да истакнам дека е крајно време политичката ситуација да заврши за да здивнеме како бизнис и луѓето да можат повеќе да напредуваат во смисла да имаат можност да соработуваат меѓусебно“, истакна Хоџа.

Тој додаде и дека комората има создадено економска платформа што ќе и ја предложи на идната влада, во однос на барањата на стопанствениците кои, како што вели, секојдневно се сретнуваат со некои проблеми во бизнисот.